3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија најниска во последните четири години

Инфлацијата во Германија најниска во последните четири години

njemacka87hth56

Инфлацијата во Германија во мај се намали на четиригодишен минимум, а доста е ниска и во Италија и Шпанија, пакажаа вчера податоците во Европа, по една недела откако Европската централна банка (ЕЦБ) започна со низата мерки за одбрана од дефлација.

Германската инфлација минатиот месец забави на 0,6 од 1,1 процент од април, паѓајќи на најниско ниво од февруари 2010 година, пренесува агенцијата Франс Прес.

Истовремено, во Шпанија потрошувачките цени пораснале за 0,2 проценти, наведува тамошниот Завод за статистика. Во Италија инфлацијата забави на 0,1 од 0,4 проценти, додека во Финска изнесува еден процент. Во Португалија во мај е забележана инфлација од 0,3 проценти, во Ирска 0,4 проценти, а во Франција 0,8 проценти.

Првичните податоци од Европскиот завод за статистика покажуваат дека во монетарната унија инфлацијата забавила на 0,2 проценти од 0,5 проценти од април. Конечни податоци се очекуваат во понеделник.

Ниската инфлација во еврозоната поттикнува загриженост дека монетарната унија е на работ на дефлација. Иако падот на цените звучи како добра вест за потрошувачите, тој всушност може да го поттикне одложувањето на купувањето во исчекувањето на додатен пад на цените, а тоа ја запира побарувачката и целокупната економија.

Таквите стравувања ја поттикнаа ЕЦБ минатата недела да ја намали клучната каматна стапка и да започне низа мерки со цел олабавување на монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП