25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle сака удел од Virgin Galactic

Google сака удел од Virgin Galactic

google virgin

„Google“ преговара со „Virgin Galactic“ за договор кој ќе му даде на најголемиот пребарувач важен пристап до технологијата за лансирање на сателити на компанијата за вселенски патувања на милијардерот Сер Ричард Бренсон, објави „Sky News“.

Разговорите се дел од амбициозниот проект на „Google“ да истрела стотици сателити во ниска орбита околу Земјата, за да обезбеди интернет пристап за милијарди луѓе. Преговорите меѓу двете компании се водат со месеци и според информациите на „Sky News“ веќе се во напредна фаза.

Договорот предвидува „Google“ да плати 30 милиони долари за мал дел од акциите на „Virgin Galactic“, a потоа да дава стотици милиони долари во веќе заедничкото вложување.

Условите на договорот не се финализирани и може да бидат променети до склучувањето на договорот.

Сер Ричард и ко-основачот на„ Google“, Лери Пејџ се блиски пријатели и веќе го регистрирале името „Virgle“ што евентуално ќе биде искористено за идните деловни соработки. Двете компании одбија да коментираат на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП