20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг на Црна Гора изнесува 56,6 проценти од БДП

Државниот долг на Црна Гора изнесува 56,6 проценти од БДП

crnagora1

Државниот долг на Црна Гора на крајот на април оваа година изнесуваше 1,99 милијарди евра или 56,6 проценти од проценетиот бруто домашен производ.

Износот на државниот долг е за 0,5 процентни поени помал во однос на претходниот месец, се наведува во Пролетната анализа за макроекономските движења и структурните реформи за оваа година, која црногорската владата ја претстави во текот на вчерашниот ден.

Од вкупниот јавен долг на внатрешниот се однесуваат 588,1 милиони или 16,7 проценти од БДП, додека долгот кон нерезидентите изнесува 1,4 милијарди или 39,9 проценти од БДП.

„Во оваа година ќе дојде до раст на долгот поради потребите за финансирање на буџетот. Предвидени се околу 200 милиони евра за финансирање на буџетската потрошувачка, додека со Законот за буџет за оваа година, утврдена е можност за задолжување од 240 милиони“, се наведува во Анализата која ја подготви Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП