2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе создава најголемата компанија за онлајн хазардски игри во светот

Се создава најголемата компанија за онлајн хазардски игри во светот

pokeri22

Канадскиот производител на опрема за хазардски игри „Amaya Gaming Group Inc.“ ќе плати 4.9 милијарди долари во кеш за да се здобие со најголемата покер компанија во светот, која е сопственик на брендовите „PokerStars“ и „Full Tilt Poker“.

Договорот ќе доведе до создавање на најголемата компанија за онлајн коцкање во светот. За да се оствари договорот за стекнување на „Oldford Group Ltd“, која е компанија мајка на „Rational Group Ltd.“, „Amaya“ објави вчера дека обезбедила средства од одделението на компанијата за деловно инвестирање „Blackstone Group LP“.

„Amaya“ исто така ќе издаде обични и приоритетни акции за да плати за купувањето.

„Rational Group“ е најголемата компанија за покер игри во светот и сопственик на брендовите „PokerStars“ и „Full Tilt Poker“. Од „Amaya“ веруваат дека „договорот ќе го забрза доаѓањето на „PokerStars“ и „Full Tilt Poker“ на регулирани пазари, на кои „Amaya“ веќе е присутна и поконкретно во САД“.

Во 2011-та година Министерството за правда на САД изјави дека онлајн покерот ги нарушува државните закони. Сепак „PokerStars“, која го премести своето седиште на островот Ман, продолжи да работи во САД.

Во 2012-та година „PokerStars“ склучи договор со обвинителството во вредност од 731 милиони долари, како дел од која беше и стекнувањето на средствата на „Full Tilt“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП