Последните економски анализи покажуваат дека според вредноста на вкупните странски директни инвестиции државите од АСЕАН имаат подобри резултати и од Кина.
Тоа се должи на 128-те милијарди долари директни странски инвестиции остварени во три држави на АСЕАН во 2013 година, додека во Кина странците лани инвестирале 117 милијарди долари.
Една година пред тоа, во Малезија, Филипините и Индонезија вкупните странски инввестиции биле 120, а во Кина 121 милијарди долари.
Имајќи предвид дека Кина најавува стагнација на влезот на странски пари во економијата, а повеќето држави на АСЕАН веќе имаат договори кои ќе донесат раст на странските вложувања за шест до 11 отсто, аналитичарите очекуваат и промени во односите на учеството на овие држави во светската економија.
Во дел од медиумите во југоисточна Азија се констатира дека ваквиот развој на состојбите во азиските економии, покрај другото, ширум целиот светот ќе ја намали доминацијата на производите со етикета „направено во Кина“.