27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбрано ново раководство на ЦЕФА

Избрано ново раководство на ЦЕФА

cefaefr4t5y7

Бизнисот да ги искористите можностите на саемската индустрија, која е огледало на состојбите во економиите и моќна маркетиншка алатка која не нуди само изложбен простор, туку и ги обединува компаниите со потрошувачите.

Тоа го порачаа учесниците на годинешното генерално собрание на Алијансата на саеми од Централна Европа (ЦЕФА), што се одржа денеска во Скопје. Учесниците на собранието на ЦЕФА, чиј претседавач годинава е Скопски саем, ги анализираа состојбите и предизвиците на саемската  индустрија и избраа ново раководство. За нов претседател на ЦЕФА е назначен Јиржи Кулиш, извршен директор и заменик-претседател на УО на Саемот во Брно, а за генерален секретар Јанош Барабаш, извршен потпретседател на Хунгекспо и заменик-претседател на Унијата на меѓународни саеми.

Извршните директори на саемите-членки во ЦЕФА  велат дека  економската криза во најпогодените сектори се одразила и на  изложбената индустрија. Во такви услови, сметаат, уште поважна станува размената на знаења, know-how и искуства, собено вовреме кога буџетите за маркетинг се редуцирани а клиентите до своите целни групи стигнуваат преку социјалните медиуми.

Според Матијас Лимбак,  извршен директор на Виенскиот саем, компаниите бараат нови приходи и зделки, а задача на саемите е да испорачаат нови можности и заедно со нив  да вложат многу повеќе напори како да привлечат посетители и што да нудат како додадена вредност кога доаѓаат на саемите.

Имаме широка лепеза на понудувачи и тоа се можности  да се дојде во допир со нови производи и услуги, иновации, како и можност да се присуствува на работилници  или конгреси или да се добијат најнви информации или слични содржини, рече Лимбак.

Досегашниот генерален секретар на ЦЕФА Франц Рајзберг истакна дека добрите меѓународни саемски манифестации не се  евтини, но вреди да се изложува на нив бидејќи се професионално организрани.

Ние треба да ги споиме,  односно да ги комбинираме и новите дигитални алатки коишто го менуваат деловното работење со  овие потрадиционални алатки кои опфаќаат и комуникација лице в лице. Навистина сме убедени дека комуникацијата  лице во лице не може да биде сосема заменета никогаш, како на пример со интернет алатки. Една од целите на ЦЕФА  е да ги промовира саемите како алатка и внатрешно да ја подобри делотворноста преку обука на вработените и размена на искуства. Во таа насока Скопски саем имаше доста големи достигнувања и успеа да го прошири членството со претставници од Албанија и од Грција, што е добар пример за надминување одредени политички проблеми преку соработка на економски план, наведе Рајзберг.

Закупот на просторот за изложување, појасни Лимбак, е само 20 проценти од трошоците, а останатите се давачки се за изработка на изложбениот простор и за дневници на  презентерите. – Наша мисија не е да обезбедуваме само саемски или изложбен простор, туку да спојуваме  понудувачи и купувачи, наведе  Лимбак.

ЦЕФА обединува 26 членки со 23 саемски простори во 17 држави, од кои 23 со полноправно членство. Саемските простори заедно поседуваат околу милион метри квадратни внатрешен и 1,3 милиони метри квадратни надворешен простор. Во просек членките на ЦЕФА годишно имаат по 420 настани,  по 135.000 изложувачи, над 9 милиони посетители и обрт од околу 500 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП