26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве како да ја чувате вашата картичка ако одите на шампионатот во...

Еве како да ја чувате вашата картичка ако одите на шампионатот во Бразил

Credit-Cards-Picturesk76u

Доколку се уште не сте одлучиле како да ги плаќате сметките, дали во кеш или со кредитна картичка, крајно време е да го направите тоа, без разлика дали сте понесени од фудбалската магија во Бразил. Касперски Лаб предупредува дека на банкоматите оперираат некои од најкреативните и најактивните криминалци специјализирани за клонирање на кредитни картички.

– Избегнете клонирање на кредитната картичка – POS уредите се многу чести во Бразил – според бразилската централна банка, кредитните и дебитните картички сочинуваат 70 проценти од сите плаќања во земјта. Чип и ПИН картичките се прифатени од страна на речиси сите претпријатија, дури и во такси возилата.

– И покрај неодамнешните вести за безбедносните пропусти во протоколот, картичките кои поседуваат чип или ПИН сеуште се сигурни и потешко е да се клонираат од картичките со магнетна лента. Ако немате ваков вид на картичка, прашајте во вашта банка дали е можно да ви издадат една пред патувањето.

– Во Европа и Северна Амрика, многу луѓе се навикнати да ја предаваат својата картичка на вработените во рестораните и продавниците. Во Бразил тоа може да биде опасно. Не правете го тоа – на тој начин на измамниците им давате сјајна прилика да ја клонираат картичката, а искушението е премногу силно за да му се спротистават. Замолете го персоналот да го донесе терминалот за електронско плаќање до вас.

– Внимавајте на случајните средби или инциденти во кои вашата картичка може да ви биде надвор од дофат за момент. Ако се случи тоа, проверете дали картичката која сте ја добиле назад е вашата картичка. Ако имате некакви сомневања, веднаш пријавете во банката.

– Внимавајте на сите изводи од кредитните картички и проверувајте ги сите трансакции, и ако забележите нешто сомнително веднаш известете ја вашата банка. Кога е тоа можно, обидете се да платите со користење на безжичниот POS уред – тие се малку побезбедни од старите кои се поврзани сериски или со УСБ порта.

– Користете ја својата рака да ја покриете тастатурата додека го внесувате пинот, тоа е одличен начин да се спречат многубројните летачки објекти кои можеби имаат скриени камери.

– Ако забележите нешто што не е во ред, известете ја банката или сопственикот на банкоматот, и појдете на друго место да подигнете пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП