27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП летово со засилени контроли за фискализација

УЈП летово со засилени контроли за фискализација

ujp objekti

Мобилните екипи на УЈП во летниот период ќе вршат засилени контроли за фискализација. Како што информираат посебно во периодот на времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегистрирање на готовинскиот промет.

УЈП со цел превентивно да делува субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, од вчера почнаа со засилени контроли во гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекта во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност.

Апелираат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од УЈП, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП