
Индустриското производство во еврозоната закрепна во април со раст од 0,8 проценти, по падот од 0,4 проценти во претходниот месец.


Индустриското производство во еврозоната закрепна во април со раст од 0,8 проценти, по падот од 0,4 проценти во претходниот месец.
За тоа придонесе зголемувањето на производството на електрична енергија и потрошувачка на стока, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика, Еуростат.
Особено е охрабрувачки растот на индустриското производство Италија и Шпанија, каде слабите податоци во март предизвикаа загриженост за и онака слабото економско закрепнување, наведува Евростат.
Индустриското производство во Франција во април мируваше, односно порасна за само 0,1 проценти на месечно ниво, и оваа земја останува „најголем проблем во еврозоната“, изјави Карстен Брзески од банката ING
На годишно ниво, производството во Франција е намалено за 1,8 проценти, повеќе во однос на падот од 1,4 проценти во еврозоната и 1,7 проценти во најголемата европска економија, Германија.
Производството на стоки за широка потрошувачка е зголемено за 2,1 проценти во монетарната унија, а производството на електрична енергија за 2,5 проценти, додава Еуростат.