3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДополнителни дозволи и либерализација на превозот со Романија

Дополнителни дозволи и либерализација на превозот со Романија

prevoz kamioni

Македонско-романската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај постигна договор за либерализација на билатералниот и транзитниот превоз за превозници кои вршат превоз на стока за сопствени потреби. За овие превозници превозот ќе се врши без режим на дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

На состанокот што се одржа во изминатите два дена во Букурешт, комисијата потпиша протокол, со што стапува во сила договорената либерализација.

Договорено е за годинава да се размени дополнителен контингент од 350 билатерално транзитни транспортни дозволи за превоз на стока и 50 дозволи за и од трети земји.

Договорено е и од 17 јуни годинава да се укине патната такса за дозволите за и од трети земји за македонските транспортери која досега изнесуваше и до 700 евра по тура, се вели во соопштението.

Постигнат е договор и за прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2015 година. Опфаќа 3.850 билатерални транзитни дозволи за сите категории за возила, 1.000 билатерално-транзитни дозволи за возила со минимум еуро 3 стандард и 500 дозволи за и од трети земји без наплата на патна такса. Договорената квота на дозволи за и од трети земји без такса за следната година е за 40 проценти поголема од досегашната.

„Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување непречен транспорт за македонските транспортери. Преку овие активности веќе е овозможено целосно либерализирање на превозот на повеќе земји со кои Република Македонија остварува економска размена, како и дополнување на контингентите за земјите со кои се разменуваат транспортни дозволи“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП