25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Швајцарија ќе расте, но со побавно темпо

Економијата на Швајцарија ќе расте, но со побавно темпо

29720212539acab1ae883118803558_640x480

Швајцарската економија ќе продолжи да расте во наредните месеци, но со малку побавно темпо во однос на првично проектираното.

Така, во иднина очекуваниот раст на бруто домашниот производ за оваа година изнесува 1,8 проценти, а за наредната година два проценти, објави центарот за економски истражување КОФ.

Оваа истражувачка компанија во март малку ја намали својата прогноза за економскиот раст на 2,0 и 2,1 проценти за 2014 и 2015 година, од 2,2 и 2,3 проценти кои ги прогнозираше во декември минатата година, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Според истата студија, извозот оваа година би требало да порасне за 4,0 проценти, додека прогнозите во март изнесуваа 4,3 проценти. Очекуваниот раст на инвестициите за 2014 година е 3,0 проценти наместо претходно предвидениот 3,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП