28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија десети месец бележи дефлација

Бугарија десети месец бележи дефлација

bugarijaizvoz15

Во Бугарија десети месец по ред е регистрирана дефлација, а цените во мај се пониски за два проценти отколку во истиот  месец минатата година и за 0,5 проценти во однос на април, покажуваат податоците на Националниот статистички институт.

На дефлацијата влијаеше намалувањето на цените на основните животни намирници, белата техника и транспортните услуги.

Бугарија веќе неколку години бележи негативна инфлација, а во 2013 година само еден месец беше регистрирана инфлација од 0,3 проценти.

Според експертите, падот на цените е добар за потрошувачите, но не е позитивен сигнал за економијата во целина.

Намалувањето на цените доведува до намалување на заработката на трговците и производителите, односно до намалување на желбата за инвестирање и вработување.

Од Националниот статистички институт наведуваат дека во првиот квартал оваа година во Бугарија е забелжан раст на БДП од 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП