23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Европа пристигнува здрава Coca-Cola (видео)

Во Европа пристигнува здрава Coca-Cola (видео)

zdrava coca cola

Гледате во нов производ од „Сoсa-Сolа“ во последните осум години. „Coca-Cola Life“ e нов напиток кој содржи за третина помалку шеќер и калории од оргиналниот пијалок.

Од компанијата објаснуваат дека новиот „здрав“ напиток е лансиран во склад со моменталните напори на државата во проблемот со дебелеењето со кое се соочуваат се поголем дел од младите луѓе.

„Coca-Cola Life“ е засладен со екстракт од Стевиа (целосно природен засладувач без калории кој се одбива од листовите на билката стевиа, но и нема канцароген ефект).

Лименка од 330 милилитри ќе содржи 22,1 грама шеќер, што е 25 проценти од дневно препорачаните количини за возрасни, во однос на 35 отсто, колку што содржи обичната „Сoсa–Сola“.

Шишенцето со зелена етикета ќе се појави во септмеври на пазарот во Британија, по пилот-проектот во Аргентина и Чиле.

„Coca-Cola Life“ е првиот нов производ на „Сoсa-Сolа“ од „Coke Zero“ кој се појави во 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП