28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија се откажа од последната транша помош

Португалија се откажа од последната транша помош

portugalija3498

Португалската влада одлучи да се откаже од последната транша меѓународна помош во висина од 2,6 милијарди евра, со цел земјата да излезе од програмата за финансиска помош.

„Владата одлучи да не бара ново продолжување на програмата и да не ја прифати последната транша од програмата“, изјави португалската министерка за финансии, Мариа Луиза Алукерке, по седницата на владата, пренeсува АП.

Меѓународните кредитори, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, требаше на Лисабон да му ја исплатат последната транша од 2,6 милијарди евра од вкупната помош од 78 милијарди, која е договорена на 28 мај 2011 година, во замена за спроведување на програмата за штедење и спроведување на реформите.

Земјата поседува значителни резерви кои и овозможуваат подмирување на сите финансиски потреби, изјави португалската министерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП