КОМПАНИИ

PL го продаде уделот во водечката косовска пивара

lasko1333

„Pivovarna Laško“ го продаде својот удел од 57,63 проценти во косовската пиварница „Birra Peja“ зa 14,75 милиони евра.

Kупувач најверојатно е косовскиот бизнисмен Блерим Деволи, сопственик на компанијата „Globosos“. Купопродажната цена не вклучува само продажба на уделот во оваа пиварница, туку и продажба на обврските на „Pivovarnа Union“ кон „Birrа Peja“.

Продавачот 13 милиони евра ќе добие во рок од еден месец, а остатокот од купопродажната цена во рок од една година.

„Birra Peja“ е водечка пиварница во Косово, а „Pivovarna Laško“ продажбата на својот дел во неа го најави уште кон крајот на минатата година.