28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја пофали Италија, но не и Рим

ЕЦБ ја пофали Италија, но не и Рим

21-italy

Европската централна банка го пофали напредокот на Италија во намалувањето на дефицитот, повикувајќи го Рим да се фокусира на намалување на јавниот долг, кој веќе надмина 2 милијарди евра.

ЕЦБ наведува дека Италија во изминатите неколку години успеала значително да го намали преголемиот јавен дефицит, како што тоа го направија и Финска, Германија и Летонија, пренесува италијанската агенција АНСА.

Банката, сепак, предупредува дека приоритет на Рим сега треба да биде постепеното намалување на огромниот јавен долг.

Податоците на италијанскиот Завод за статистика оваа недела покажаа дека бруто домашниот производ е намален во првиот квартал за 0,1 проценти во однос на претходните три месеци. Резултатот претставува разочарување и намалување на надежите дека Италија наскоро ќе излезе од рецесија, откако во последниот минатогодишен квартал го забележа првиот позитивен економски раст во изминатите две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП