4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ против искористувањето на детскиот труд

ССМ против искористувањето на детскиот труд

ssm-sindikatijhuyg6

Сојузот на синдикати на Македонија денеска по повод Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд побара искоренување на оваа појава.

Сојузот на синдикатите на Македонија силно е против искористувањето на детскиот труд и, како и досега, и натаму ќе се залага за забрана на работа на малолетните деца. Секое дете има право на среќно детство, наведува претседателот на ССМ Живко Митревски во писмото испратено по тој повод.

Синдикатот, како што се вели во писмото, ги поддржува сите заложби, активности, акции и апели на Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на водењето добри политики за социјалната заштита како суштински за искоренување на злоупотребата на детската работна сила.

Надминувањето на проблемот, ССМ го гледа во зголемување на можностите секое дете задолжително и квалитетно да се образува и да се вклучи во процесот на труд на соодветна возраст, а за да се постигне тоа потребна е координација меѓу сите одговорни субјекти во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП