ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи

Зголемен бројот на туристи

skopjeturisti269

Бројот на туристи во Македонија во април годинава изнесувал 44.478 и во однос на април лани е зголемен за 5 проценти. Во април се евидентирани 94.033 ноќевања или за 0,6 проценти повеќе од истиот месец минатата година.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во април годинава споредено со април лани има зголемување за 12,4 проценти, и 2,8 проценти на нивнитеноќевања, а на странските за 1,1 процент,кај коипакиманамалувањенаноќевањата од 1процент.

Во периодот јануари-април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,5 проценти, кај домашните за 8,4 проценти, а кај странските за 0,3 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2 проценти, при што кај домашните за 3,4 проценти, а кај странските за 1,2 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП