3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрена 11. емисија акции на КИБС

Одобрена 11. емисија акции на КИБС

hartii od vrednost berza

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 45-тата седница на Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) му даде одобрение да издаде единаесетта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 4.876 обични акции во вкупен износ од 48.760.000 денари.

Како што соопшти КХВ, единаесеттата емисија на акции е наменета за познати купувачи –  акционерите на друштвото.

Согласно Одлуката, единаесеттата емисија на акции се врши од средства на друштвото по основ на исплата на дивиденда во акции на акционерите на КИБС АД Скопје и тоа сразмерно на нивното учество во основната главнина на друштвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП