6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголема безбедност на храната со зајакнување на институционалните капацитети

Поголема безбедност на храната со зајакнување на институционалните капацитети

hrana1

Надлежните институции за безбедност на храната ќе ги зајакнуваат капацитетите со цел да го подобрат квалитетот на нивното работење, а преку тоа да се обезбеди и посигурна храна за крајните потрошувачи.

Јакнењето на институционалните капацитети ќе се реализира преку проектот вреден над 1,7 милиони евра обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош. Главни корисници се Агенцијата за храна и ветеринарство, Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.

Имајќи ги предвид сите рефроми кои досега ги спроведувавме на ова поле, можам слободно да кажам дека Европа и светот веќе не препознаваат како сериозни партнери кога е безбедноста на храната во прашање. Веруваме дека со зајакнување на капацитетите на сите институции вклучени во системот на безбедност на храната, безбедносните критериуми ќе се подигнат на уште повисоко ниво со единствена цел подобрување на безбедноста и здравјето на граѓаните, како и задоволството на потрошувачите, истакна директорот на

Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски на денешната промоција на проектот. Евроамбасадорот Аиво Орав најави дека Европската унија и во иднина ќе обезбедува поддршка во областите поврзани со безбедноста на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство има модерен систем за квалитет и безбедност на храната, но има одредени области каде е потребно подобрување како што се квалитетот на имплементацијата и спроведувањето на регултивите за безбедност на храна и контрола на штетните организми и употребата на пестиците во земјата, посочи Орав.

Со реализацијата на проектот се очекува подобро функционирање на надлежните институции и нивна поголема интегрираност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП