2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРунтевски: Секоја увезена пратка на храна се контролира

Рунтевски: Секоја увезена пратка на храна се контролира

dejan1

Секоја пратка на храна која влегува во Македонија подлежи на инспекциска контрола од страна на надлежните служби, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со производите што се увезуваат од државите кои неодамна беа поплавени.

Рунтевски нагласи дека Агенцијата е во постојана конуникација со надлежните служби во овие држави и е информирана за мерките што тие ги преземаат.

Од наша страна е подигнат степенот на контрола онаму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување на одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри кои ќе бидат земени на граница, истакна Рунтевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП