26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Франција изнесува 0,7 проценти

Инфлацијата во Франција изнесува 0,7 проценти

francijaznamee54g54re4g4re

Потрошувачките цени во Франција во мај останаа стабилни, со оглед на тоа што поскапувањето на прехрамбените артикли е компензирано со падот или стагнацијата на цените на останатите производи, соопшти францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Меѓугодишната инфлација во мај изнесува 0,7 проценти, колку што изнесуваше и во април, пренесува Ројтерс.

Според индексот на хармонизираните цени, кој овозможува споредба со останатите земји од еврозоната, цените во Франција во мај исто така останаа стабилни на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени на 0,8 проценти.

Економските експерти во просек предвидуваа раст на цените во мај од 0,1 проценти во однос на април и меѓугодишна инфлација од 0,8 проценти.

Цените на прехрамбените проиводи се зголемени за 0,3 проценти, поради поскапувањето на свежите сезонски производи од 2,9 проценти, особено на овошјето (+0,6 проценти).

На годишно ниво, сепак, цените на храната на францускиот пазар бележат пад од 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП