20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот суд потврди - Intel плаќа милијарда евра

Европскиот суд потврди – Intel плаќа милијарда евра

intel kazna23

Европскиот суд на правдата денеска ја отфрли жалбата на американскиот производител на компјутерски чипови, „Intel“, според пресудата со која оваа компанија е казнета со 1.06 милијарди долари поради доминантна пазарна позиција.

Откриено е дека „Intel“ сама на своите купувачи им нудела попусти за да ги користи нивните „x86“ чипови, наместо оние кои ги прави конкурентскиот „Advanced Micro Devices“ (AMD) во периодот од 2002-ра до 2007-ма, што претставува кршење на анти-монополските прописи на Европската унија.

Порди тие причини Европскиот суд на „Intel“ и ја досуди најголемата казна досега наменета на поединечна компанија.

Претставниците на судот сместен во Луксембург, сметаат дека казната не е превисока, поради тоа што е еднаква на 4,15% од приходот на „Intel“ од 2008-та година, а максималната предвидена казна е 10%.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП