4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕПСО гради двосистемски далновод во Битола

МЕПСО гради двосистемски далновод во Битола

dalekovodi22

АД МЕПСО денескa почна со поставување проводници од новиот двосистемски 110 кВ далновод кој ги поврзува трансформаторските станици ТС Битола 3 до ТС Битола 4, инвестиција вредна 2,3 милиони евра која опфаќа изградба на 12 километри комбиниран далновод поставен на 44 столбни места и дополнителни 600 метри подземен двосистемски кабел.

На денешната прес конференција во Битола, портпаролот на АД МЕПСО Никола Стојанов посочи дека станува збор за препоследната фаза од реализацијата на овој проект во кој се поставуваат проводниците на трасата, а потоа ќе бидат поставени интегрирано заштитно громобранско и оптичко јаже за трансфер на податоци.

„Овој далекувод, системски е многу важен, бидејќи со него ќе создадеме енергетски прстен околу трите битолски трансформаторски станици кои се на преносната мрежа. Со овој проект воедно значително ќе ја зголемиме доверливоста на нашиот електроенергетски систем и стабилноста на нашата преносна мрежа“, истакна Стојанов.

Во функција на проектот, веќе се изградени и опремени со високонапонска опрема 5 далекуводни полиња од кои 2 во трансформаторските станици Битола 2 и Битола 3 и едно далекуводно поле во ТС Битола 1, потврди Стојанов.

„Во пелагонискиот регион се наоѓа најголемиот производител на електрична енергија во нашата држава, а со енергетскиот прстен околу Битола ќе ги сведиме на нула сите можни ризици од испад и без напонски состојби“, истакна портпаролот Стојанов.

Од АД МЕПСО информираа дека во текот на вчерашниот ден е објавен меѓународен тендер за избор на консултант за изработка на проектите што се наопходни за да се реализира проектот за електроенергетско поврзување меѓу Битола и Елбасан, Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП