29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 начини да одвоите време за она што го сакате

5 начини да одвоите време за она што го сакате

rabotahobi546746

Многу луѓе имаат навика да кажат дека „немаат време“ за она што го сакаат. Но, тоа не е точно. Тие само не се добро организирани. Многу луѓе се вработени, имаат деца, родители, партнери и пријатели на кои треба да им посветат време, но и покрај сето тоа, наоѓаат време за она што го сакаат.

Еве како и вие да успеете во тоа…

1. Бидете рални во врска со вашето време

Размислете за тоа како изгледа една ваша недела. Колку време поминувате на работа, гледајќи телевизија, колку на интернет и сл. Ако гледањето телевизија го ограничите само на омилената серија, а интернетот само на меиловите на кои мора да одговорите, колку време ќе ви остане? Пресметајте и ќе се изненадите.

2. Спојте две работи кои ги сакате

Ако сакате да цртате и во исто време ја сакате природата, спојте ги овие две нешта и цртајте во природа. Постојат многу вакви комбинации кои можете да ги напавите во исто време.

3. Искористете го времето на чекање на вистински начин

Чекањето во редови може да ви послужи така што во тоа време можете да завршите неколку нешта, одговорете на мејловите преку вашиот телефон, остварете некоја деловна комуникација со цел подоцна да имате повеќе време за себе. Во редицата во која чекате можете да прочитате некоја книга која ја сакате или нешто сл.

4. Кажете НЕ

Ако вие не сакате да одите некаде или не сакате да се видите со некој, не наоѓајте изговори, едноставно кажете „НЕ“ и посвете си го тоа време самите на себе и на она што го сакате.

5. Уживајте во тоа што го работите

Кога конечно ќе завршите работејќи го она што го сакате, препуштете му се на тоа и уживајте. Не дозволувајте ништо да ве попречува, не размислувајте за нешто што ве вознемирува. Релаксирајте се и уживајте во секој миг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП