Рускиот олигарх Олег Дерипаска планира да го зголеми својот удел во австриската градежна компанија „Strabag“ до 25% од сегашните 19,4%, покажува известувањето до регулaторните органи, цитирани од „Reuters“.
Од австрискиот антимонополен орган соопштија дека инвестициската компанија на Дерипаска „Rasperia Trading Ltd“ поднела известување за своите намери да купи уште 5.6% од „Strabag“.
Дерипаска има опција која е валидна до јули да го зголеми својот удел во „Strabag“ до 25% – ниво кое тој пред извесно време го поседуваше, преку купување на акции од други главни акционери како „Haselsteiner group“, „Raiffeisen“ и осигурителата компанија„Uniqa“.
„Не знаеме дали и до кој степен опцијата ќе биде реализирана“, најавија денес од „Strabag“.
Во моментов „Uniqa“ и „Raiffeisen“ поседуваат заеднички удел од 29.3% во „Strabag“, семејството Хаселцшајнер има 28.3%, а Дерипаска 19.4%. Другите 10% се во сопственост на компанијата во форма државни акции.