4 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во Унгарија

Намалена стапката на невработеност во Унгарија

nevrabotenilica112

Во Унгарија во периодот февруари-април 2014 година регистрирани се 361.000 невработени лица, што е за 116.000 помалку во однос на истиот период минатата година.

Стапката на невработеност е намалена за 2,9 процентни поени, на 8,1 проценти од работоспособното население, покажуваат податоците на унгарскиот Национален завод за статистика.

На крајот на извештајниот период, Унгарија имаше 4,1 милион вработени лица, што е за 238.000 повеќе во однос на истиот период од 2013 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Стапката на вработеност за лица на возраст од 15 до 64 години изнесува 61,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП