2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален бројот на патници на Swiss International Air Lines

Намален бројот на патници на Swiss International Air Lines

swissjnmhairlines

Швајцарскaта авиокомпанија „Swiss International Air Lines“ во мај оваа година превезла 1,39 милиони патници, што е пад од 0,3 проценти во однос на истиот месец во 2013 година.

Бројот на летови на оваа компанија, која ја контролира германската „Lufthansa“, исто така е намален, и тоа за 0,2 проценти, на 12,624, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

На европските линии падот на бројот на летови изнесува 0,6 проценти (11,098), додека на меѓуконтиненталните линии остварен е раст од 2,5 проценти (1,526 летови) во однос на мај минатата година.

Стапката на пополнетост на капацитетите е намалена за 0,7 процентни поени, на 82,6 проценти, додека кај товарниот сообраќај е зголемена на 78,7 проценти од 75,4 проценти кои беа забележани во мај 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП