20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јануари годинава зголемени трошоците за живот

Во јануари годинава зголемени трошоците за живот

trosocizazivot

Трошоците за живот, мерено преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари се зголемени за 0,3 проценти во споредба со декември минатата година.

Државниот завод за статистика, денес објави дека пораст на трошоците има во групите Ресторани и хотели за 3.2 проценти, Здравје за 0,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,6 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун за 0,5 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,3 проценти и кај Облека и обувки за 0,1 процент.

Намалување е забележано во групите: Рекреација и култура за 1,2 процента, Транспорт за 0,8 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации за 0,4 проценти и Останати стоки и услуги за 0,1 процент.

Во однос на јануари 2012 година трошоците на живот се зголемени за 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП