
Португалската банка ја намали претходната прогноза за економскиот раст на земјата за 2014 година, од 1,2 на 1,1 проценти.


Португалската банка ја намали претходната прогноза за економскиот раст на земјата за 2014 година, од 1,2 на 1,1 проценти.
Во летниот билтен на централната банка истовремено е променета и прогнозата за раст за 2015 година, која всушност е зголемена од 1,4 на 1,5 проценти, пренесува агенцијата АП.
Прогнозите за економскиот раст за 2017 година остануваат непроменети, односно 1,7 проценти.
Намалувањето на прогнозите за раст за оваа година е резултат на непредвидениот пад на бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал оваа година од 0,6 проценти во однос на претходниот квартал.