28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa: Профит од само една милијарда евра

Lufthansa: Профит од само една милијарда евра

lufthansaoks239-uf93

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ ја намали прогнозата за профитот за оваа и наредната година.

„Извршниот одбор одлучи да ја намали прогнозата за профитот од работењето за 2014 и 2015 година и сега за тековната година прогнозираше заработка од околу една милијарда евра“, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓу причините за намалување на прогнозата се пониските приходи од оние кои првично беа очекувани во патничкиот и товарниот сообраќај, како и негативното влијание на штрајковите и девалвацијата на венецуелската валута, додаваат од „Lufthansa“.

Во 2015 година, компанијата очекува профит од работењето од околу две милијарди евра.

„Lufthansa“ претходно за 2014 година прогнозираше заработка од 1,3 до 1,5 милијарди евра, а за 2015 година 2,6 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП