2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Кризата не е готова

Меркел: Кризата не е готова

merkel_1858936c

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека досега незабележаните мерки против дефлацијата, кои ги воведе ЕЦБ, покажуваат дека финансиските тешкотии се уште не се завршени.

Меркел пред новинарите во Берлин, по редовниот состанок со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, изјави дека не е вообичаено да се коментираат одлуките на централната банка, која е независна, пренесува агенцијата Франс прес.

„Сепак, преку најновите мерки гледаме дека кризата во еврозоната се уште не е целосно решена“, наведе канцеларката, напоменувајќи дека е неопходно да се продолжи со реформите со цел да се поттикне конкурентноста и вработувањата.

ЕЦБ минатата недела ги намали трите клучни каматни стапки, а Драги порача дека, иако еврозоната не е, како што се зборува, на раб од рецесијата, потребно е да се реагира за да се поттикне кредитирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП