5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСommerzbank продава недвижности во вредност од 5.1 милијарди евра

Сommerzbank продава недвижности во вредност од 5.1 милијарди евра

commerzbank3_18

Втората по големина германска банка, „Сommerzbank“, договори продажба на своето портфолио на недвижности во Шпанија, Португалија и Јапонија за вкупно 5.1 милијарди евра.

Овој потег ќе и помогне на банката дополнително да го намали својот обем на средства кои не спаѓаат во основното работење и засилување на својот капитал, стои во соопштението на банката кое беше пренесено од светските агенции.

Продажбата на имотот во Шпанија и Португалија ќе и донесе на банката 4.4 милијарди евра, а купувач е конзорциумот кој го сочинуваат американската банка „JP Morgan“ и инвестицискиот фонд „Loun star“.

Покрај тоа, банката за 700 милиони евра ќе продаде недвижности во Јапонија на азискиот инвестициски фонд „PAG“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП