3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ги распродаде сите примероци на 911

Porsche ги распродаде сите примероци на 911

porsche-model 911

И додека во некои земји луѓето возат автомобили стари и преку 20 години, другите на неколку години го освежуваат својот возен парк.

Кога ќе ја отворите официјалната интернет страна на „Porsche“ можете да забележите дека моделот „911“, направен во ограничена серија по повод 50-тиот роденден на овој модел, повеќе не е во понудата. Причината за тоа е што сите примероци од ова возило се распродадени.

Вистина е дека оваа специјална серија брои само 1963 возила, што е симболика на 1963-та кога за прв пат е напавен овој модел, но нив повеќе неможе да ги нарачате во Германија и Австрија. За пазарите во Америка и остатокот од Европа, се уште може да се најде по некој славенички модел.

„Моделот „ Anniversary“ е распродаден ширум светот. Засега тоа е официјално само во земјите во кои германскиот јазик се користи како официјален, но тоа наскоро ќе биде и на другите пазари“, стои во соопштението на компанијата „Porsche“.

„50. Anniversary“ не треба да се меша со надоградувањето со исто име, кое и натаму е во понудата, а може да се употреби во стандардниот модел „911“. Тоа го опфаќа пакетот „Sport Chrono“,  навигацискиот модул, телефонскиот модул, предните и задните сензори за паркирање и седишта за возачот и сувозачот кои имаат греачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП