2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу се градело во Скопскиот, Пелагонискиот и Вардарскиот регион

Најмногу се градело во Скопскиот, Пелагонискиот и Вардарскиот регион

gradeznistvohy6h5y56y

Фирмите од градежништвото минатата година извршиле градежни работи во вредност од 25.698.606.000 денари, од кои 7.871.372.000 денари за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу се градело во Скопскиот регион, по кој следат Пелагонискиот и Вардарскиот  регион.

Во текот на 2013 година се градени вкупно 2.176 објекти, а завршени се 2.339 станови со вкупна површина од 157.338 метри квадратни, од кои 2.170 во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 67,3 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП