2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕмирати ненадејно му откажа на Ербас

Емирати ненадејно му откажа на Ербас

erbas naracka emirati

Најголемата авиокомпанија од ОАЕ, „Емирати“ ја откажа нарачката од 70 авиони за долги дистанци од моделот A350 на европскиот производител „Ербас“.

„Ербас“ ја потврди оваа информација, наведувајќи во своето соопштение дека е донесена одлука по преговорите со авио-превозникот, по нивната ревизија за засилување на флотата.

Од авио-производителот додаваат дека и натаму имаат голема надеж за програмата A350, додавајќи дека веќе имаат нарачки за 750 летала од таа серија, чии први испораки се планирани за 2019-та.

Цената на акциите на групацијата „Ербас“ денеска падна по објавувањето на вестта за 3,14 oтсто или на 52,18 евра на берзата во Париз, чиј водечки индекс CAC 40 ослабна за 0,31 отсто.

„Емирати“ е еден од најголемите клиенти на „Ербас“, а откажаните авиони се нарачани уште во 2007-ма година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП