4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на ЕУ за 2015 година 145 милијарди евра

Буџетот на ЕУ за 2015 година 145 милијарди евра

evropopop

Буџетот на Европската унија за идната 2015 година ќе изнесува 145 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според нацрт-буџетот што денеска го претстави Европската комисија, овие средства се дел од Повеќегодишната финансиска рамка на Унијата за периодот 2014 – 2020 година, која изнесува 960 милијарди евра.

Претсавувајќи го предлогот, еврокомесарот за буџет Јануш Левандовски истакна дека буџетот на Унијата за идната година е предвидено да помогне за економскиот раст во Европа и покрај финансиските ограничувања.

Според Левандовски, 145,6 милијарди евра во буџетот се предвидени за трошоци, од кои 142,1 милијарди евра во вид на плаќања, при што најголемиот дел од обврските е за идни проекти кои се предвидува да ја направат Европа економски посилна, додека 40 проценти се за покривање на проектите финансирани од ЕУ за финансискиот период 2007 – 2013 година.

Исто така, Комисијата предлага понатамошно намалување од еден отсто во нејзините персонални пресметки, што е трето вакво намалување во последните три години.

Буџетот на ЕУ е здружување на мал дел од ресурсите на 28-те земји-членки за што најголема корист ќе имаат повеќе од 500 милиони Европејци. Тој помага да се избегне двојното зголемување на напорите на национално ниво и секоја од земји-членки ја прави посилна во напорите да донесе подобри резултати отколку фрагментирана акција.

Нацрт-буџетот за 2015 година изнесува еден отсто од комбинација на Бруто-домашниот производ (БДП) на сите земји-членки и успева да ги земе предвид сегашните и идните главни прашања како што е украинската криза или потребата за зајакнување на енергетската безбедност на ЕУ со рефокусирање нејзините ограничени ресурси, истакна комесарот Левандовски.

Предложеното зголемување од 2,1 проценти во заложбите и 1,4 отсто во плаќањата е практично апсорпција од страна на проценетата стапка на инфлација за 2015 година.

Посветените средства се фокусираат на нови програми (2014-2020) и речиси 60 проценти од предложениот износ е посветен на програми кои поддржуваат програми како “Европа за истражување и иновации, млади и бизниси”.

Најголемиот дел од средствата ќе одат на области кои ќе го зајакнат економскиот раст во Европа и ќе донесат работни места (29,5 отсто повеќе во споредба со 2014 година), како што се проектите “Хоризонт 2020”, транс-европската мрежа за енергија, транспорт и Иницијативата за вработување на млади.

Други области во кои ќе се употребат дел од 145-те милијарди евра идната година се во плаќањата во однос на порастот на азилантите, миграцијата и фондот за интеграција и заштита на здравјето на Европејците и потрошувачите. Овој нацрт-буџет, исто така, вклучува намалување за еден процент на персоналот во ЕУ-институциите во следните три години, при што Комисијата ги намалува барањата за расходи и кадровско екипирање на другите институции на ЕУ за подобро да ги усогласат со намалување на персоналот за пет проценти во следните пет години и да се воздржуваат од други административни трошоци.

А, по овој предлог за нацрт-буџетот на ЕУ за 2015 година, направен од страна на Еврокомисијата, следува позиционирање и одлука на Европскиот совет (земјите-членки) во однос на истиот, а проследено со гласање и на Европскиот парламент, при што ако постои несогласување меѓу Советот и Европарламентот, предвиден е период од 21 ден за помирување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП