4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав ќе распредели 38,6 милиони евра дивиденда

Групацијата Триглав ќе распредели 38,6 милиони евра дивиденда

triglav (1)222

На триесет и деветтото редовно Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав е одлучено да распределат дел од акумулираната добивка за исплата на дивиденди во износ од 38.649.751,60 евра или 1,70 евра бруто по акција.

Акционерите беа запознати со годишните извештаи на Заваровалница Триглав и на Групацијата Триглав за 2013 година. Во соопштението се наведува дека групацијата Триглав успешно се справи со големите економски предизвици во 2013 година и оствари добри резултати во сите седум држави и на осумте пазари на кои работи.

Како што изјави Андреј Слапар, претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, компанијата одржува високо ниво на финансиска стабилност. Оценката „A-“ за кредитен рејтинг доделена од реномирани агенции за кредитен рејтинг не само што е меѓу највисоките во Словенија и во регионот, туку претставува доказ и за финансиската стабилност на Триглав како најсилен играч во јадранскиот регион.

Групацијата Триглав ја заврши деловната 2013 година со нето добивка од 69,9 милиони евра или 27 отсто повеќе од планираното. Остварен е поврат на капитал од 12,0 отсто. Во споредба со 2012 година, вкупната полисирана премија на Групацијата Триглав се намали за 4 отсто и достигна 900,9 милиони евра. Пониската полисирана премија се должи на намалената економска активност и намалената куповна моќ на домаќинствата што се одразува преку пониска побарувачка за осигурителни производи во 2013 година.

Во 2014 година, Групацијата Триглав планира да оствари 902,1 милиони евра во консолидирани бруто полисирани премии, што е приближно исто како и во 2013 година. Оваа година е предвиден малку повисок број на штетни настани, што наложува редовно приспособување на програмата за заштита на реосигурување. Консолидираниот бруто износ на штети се планира да достигне 668,5 милиони евра. Во 2014 година, Групацијата Триглав се очекува да оствари нето добивка од 65,6 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП