2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоповски: Тренд на преминување пасивни во активни баратели на работа

Поповски: Тренд на преминување пасивни во активни баратели на работа

agencijavrabotuvanje55554

Во Агенцијата за вработување моментно се пријавени 101.400 активни баратели на работа и 114.000 пасивни, но има добар тренд на преминување во активни, бидејќи ги видоа предностите од активните политики и можностите за вработување.

Тоа го изјави денеска директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на дисперзираната канцеларија на Агенцијата во Општина Гази Баба.

Петнаесеттата дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување е лоцирана во зградата на Општина Гази Баба. Жителите на општината ќе добиваат услуги од 08:30 до 16:30 во работните денови. Ќе може да се информираат за активните мерки за вработување, како и да пријават невработеноста, да добијат информации за вработување, слободни работни места…

Според градоначаникот на Гази Баба Тони Трајковски, жителите на оваа општина ќе може да ја остваруваат целокупната комуникација со Агенцијата за вработување преку канцеларијата во општината.

Наша цел е поголем дел од институциите да бидат присутни во кругот на општината затоа што ќе дојдат за обврски или земање документи да си завршат и дополнителни работи без да се шетаат на повеќе локации. Досега за да отидат до Агенцијата за вработување требаше да одат со два автобуса или да поминат подолг пат пеш, а сега ќе можат тоа да го направат директно во канцеларијата на Гази Баба, изјави Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП