8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕDurex истражување: 94% од македонските студенти користат презервативи

Durex истражување: 94% од македонските студенти користат презервативи

P

Македонските студенти го преферираат кондомот како заштитно средство при сексуалниот однос. Дури 94% се изјасниле дека користат кондом како контрацепција и заштита од сексуално преносливите инфекции. Исто толку се изјасниле како доволно информирани за заканата од несакана бременост и СПИ.

Покрај позитивниот однос кон презервативот, речиси 40% од студентите имаат конзервативен став дека момчето треба да ги купува презервативите во врската, наместо обврската да биде поделена меѓу двајцата партнери подеднакво.

„Истражувањата ги спроведуваме со цел да добиеме прецизни знаења за ставовите и познавањата на нашите корисници и натаму да ги насочиме активностите. Добиените податоци, укажуваат на тоа дека студентите кои се во полна сексуална активност имаат познавања како да се заштитат себеси и партнерот, сепак постои една тенденција врз која треба да влијаеме едукативно, а тоа е можеби најважниот сегмент. Бројката дека 40% сметаат дека машкото треба да се грижи за купување презервативи, е загрижувачка затоа што зборува за недоволна свесност за сексуалната обврска и одговорност кон себеси и кон партнерот. Според ова, ќе создадеме активности за подигнување на сечија свест за одговорноста во сексуалниот чин“, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, Генерален застапник за брендот Дурекс во Македонија.

Позитивен факт е што кај најголемиот дел од нив, 84%цената не претставува крајниот параметар кога станува збор за купувањето на презервативи, туку квалитетот. А 80% го избрале Дурекс како бренд на презервативи на кој најмногу му веруваат.

“Македонските студенти знаат да препознаат и бараат квалитет, тоа е многу оптимистички факт. Тие го преферираат квалитетот наместо цената кога станува збор за изборот на презерватив, а изборот на Дурекс како бренд на којшто најмногу му веруваат особено не радува, бидејќи доаѓа до израз квалитетот на нашиот бренд меѓу младата популација”, изјави Рина Пуррини, Национален офицер за Репродуктивно здравје и СИДА.

Две третини од испитаниците одговориле дека потребните информации во однос на контрацепцијата, нејзината употреба, како и заштитата од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции ја добиваат преку медиумите. Останатите испитаници изјавиле дека информациите ги наоѓаат на Интернет, додека сосема мал процент се информираат преку комуникација со родителите, пријателите или пак стручно лице.

Истражувањето за сексуалните познавања на студентите беше спроведено од  Дурекс во соработка со Сојузот на студенти по медицина во Македонија (ССММ). Во анкетата учествуваа 800 студенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП