12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија рекордер според странските инвестици

Романија рекордер според странските инвестици

romanija1

Романија и Бугарија се единствените земји меѓу новите членки на Европската унија во кои во 2013 година е забележан раст на директните странски инвестиции.

Романија, според, Анализата на виенскиот Институт за меѓународни економски истражувања, е рекордер со раст на странските инвестиции за 27,4 проценти на околу 2,7 милијарди евра, додека инвестициите од странство во Бугарија лани се зголемија за 2,1 проценти, на 1,09 милијарди евра.

Од друга страна, во сите останати држави кои на ЕУ и се приклучија од 2004 година, забележано е намалување на странските инвестиции, при што, најдраматичен пад бележат Полска и Словачка, 92,6 проценти односно 79,8 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Експертите од виенскиот Институт очекуваат во 2014 година да дојде до раст на странските инвестиции во сите нови членки на ЕУ, освен во Бугарија и балтичките земји, во кои се очекува нивно задржување на ланското ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП