6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција со економски раст од 0,2 проценти во вториот квартал

Франција со економски раст од 0,2 проценти во вториот квартал

kinarast1

Француската централна банка ги потврди прогнозите за економски раст од 0,2 проценти во вториот квартал од 2014 година, врз основа на месечната анкета за економската конјуктура во мај тековната година.

Францускиот Национален институт за статистика – ИНСЕЕ, прогнозираше дека во истиот период растот на БДП ќе изнесува 0,3 проценти, пренесува Ројтерс.

Анкетата на Банката на Франција за мај откри пад на индикаторите за деловната клима за еден поен, на вредност од 97 поени, како и пад на активностите во секторот за услуги исто така за еден поен, на 93, при што вредноста од 100 поени претставува просечна вредност на овој индекс за долг временски период.

Според анкетата на оваа банка, во мај индустриското производство остана стабилно, а падот во секторот за транспортна опрема и металургијата е компензиран со зголемувањето на производството во областа на фармацијата и хемиската индустрија.

Испораките се благо зголемени, обемот на нарачки е непроменет, додека залихите се оценети како нормални.

Вработеноста е во благ пад, цените на финалните производи се стабилни, а стапката на искористеност на индустрискиот капацитет е намалена на 75,9 проценти, од 76,4 проценти во април.

Во услужниот сектор во мај беа забележани послаби резултати, како и пад во секторот на хотели и ресторани, сообраќајот и во категоријата на привремено вработени.

Според прогнозите на шефовите на компаниите, опфатени во анкетата, во јуни би требало да дојде до подобрување на активностите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП