По земањето предвид на репродуктивната здравствена состојба на испитаните поединци, истражувачите заклучуваат дека стресот е поврзан со квалитетот на спермата кај мажите.
Резултатите од истражувањето објавени во списанието „Fertility and Sterility“ ги поврзуваат стресните настани со квалитетот, обликот и количината на спермата.
– Мажите кои се често под стрес би можеле да бидат во група на оние кои во текот на ејакулацијата исфрлуваат мала количина сперма чија содржина и не е толку „квалитетна“.
Веројатно е дека сперматозоидите ќе бидат побавни и со неправилен облик, наведува др. Пам Фактор-Литвак, професор на Универзитетот Колумбија и додава дека се наведено може да биде и причина за неплодност.
Истражувањето вклучувало 193 мажи, од 38 до 49 години возраст, кои дале примерок на сперма на анализа.
Преку тестови се собрани податоци за количина на преживеан стрес и за тоа дали тој влијаел врз нив.
По анализата на сите собрани податоци, авторите заклучуваат дека стресот во голема мерка влијае на квалитетот на спермата и неплодноста.
Стресот поврзан со работното место немал преголемо влијание на наодите, а ефектот бил присутен без оглед на фактори како возраста, етничкото потекло или степенот на образование.