7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавуваат земјите во развој

Забавуваат земјите во развој

OECDf45tfg56ty56y67u

Економиите во развој како што се Кина, Русија и Бразил покажуваат знаци на забавување, додека растот на развиените земји е стабилен, наведува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Заклучоците на ОЕЦД се во согласност со општата слика дека економиите во развој го загубија темпото кое го имаа до неодамна, кога рaзвиените економии се бореа со бројните проблеми, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓу развиените земји, САД и Канада бележат стабилен раст, ситуацијата во еврозоната се подобрува, а Британија бележи неочекувано добри резултати. Германија и Франција, исто така, бележат стабилен раст.

Податоците за Јапонија укажуваат на позитивен економски тренд, но за тоа можеби се заслужни еднократните фактори, наведуваат од ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП