9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

zemjodelski proizvodi

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во април годинава изнесува 765.011.000 денари, што претставува зголемување за 10,5 проценти во споредба со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9,9 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата за 11,1 проценти.

Според статистичките податоци, зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај индустриските, градинарските растенија, добитокот и млекото, а намалување кај житата, овошјето, алкохолните пијалоци, живината и јајцата, млечните производи и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП