3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПуканките не дебелеат – Мит или вистина?

Пуканките не дебелеат – Мит или вистина?

pukanki1brg4t4

Веројатно се прашувате дали можете да уживате во порција пуканки без грижа на совест. Ние ви велиме – слободно! Пуканките навистина не дебелеат.

Иако се богати со енергија, пуканките се одличен дополнителен извор на растителни влакна, кои нам денес ни недостигаат во исхраната.

Просечен човек дневно во телото внесува околу 10 до 15 грама растителни влакна, што претставува половина од потребната доза, а тоа е сериозен здравствен проблем. Со консумирање на само 100 грама пуканки на ден, приближно може да се надополни овој недостаток.

Добрата страна на пуканките е и нискиот процент на шеќер, натриумот, холестеролот, односно заситените масти. При подготувањето на пуканките, односно со загревањето, се зголемува нивната антиоксидативна активност, па на тој начин тие го штитат нашето здравје.

Но, постои и темна страна на консумирањето пуканки, која се однесува на сите индустриски обработени пуканки прелиени со различни додатоци од делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкусот и висок процент на сол, што никако не оди во прилог на здравјето и спречување на вишокот тежина односно болестите.

Значи, пуканките не дебелеат, особено ако се подготвени со малку масло и без голема количина на сол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП