ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на турската економија ги надмина очекувањата

Растот на турската економија ги надмина очекувањата

turcija1

Турската економија во првите три месеци од оваа година порасна за 4,3 проценти во однос на истиот период минатата година, покaжаа податоците на Агенцијата за статистика во Турција.

Аналитичарите во просек очекуваа раст од 4,1 проценти, а прогнозите се движеа од 3,1 до 4,8 проценти, пренесува турската агенција Анадолија.

Во четвртиот квартал од 2013 година економскиот раст изнесуваше 4,4 проценти.

За цела 2014 година експертите во просек предвидуваа раст од 2,9 проценти, по зголемувањето од четири проценти минатата година, а 2,1 проценти во 2012 година.

Министерството за финансии на Турција во рамките на среднорочната економска програма утврди дека растот на БДП ќе биде на ниво од 3,6 проценти во 2013 година и четири проценти во оваа година. Прогнозите на Европската унија и ОЕЦД се воздржани и предвидуваат раст од два до три проценти за тековната година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП