3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMobiPay – мобилно плаќање, отсега и преку постпејд сметка

MobiPay – мобилно плаќање, отсега и преку постпејд сметка

mobipay200

Корисниците на Т-Мобиле Македонија од денеска можат да го користат мобилниот телефон како паричник и преку нивната постпејд сметка. Со новата услуга на компанијата наречена MobyPay може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број други продажни места во Македонија, а мрежата постојано се проширува.

Раководството на Т-Мобиле на прес-конференција информира дека услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци и оти користи и врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување.

2

„MobyPay“ e модерен и едноставен, брз и сугурен начин на плаќање. Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка, се во едно, што го прави животот поедноставен, а во крајна линија тоа е и целта на модерните технологии. Со „Moby Pay“ мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуелен паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со „MobyPay“ корисниците добиваат можност повеќе без никаков надомест“, рече Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Сумата за направената трансакција се додава на телефонската сметка, а месечниот лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите корисниците можат да изберат „MobyPay Easy“ до 300 денари по трансакција или „MobiPay Standard“ до 1.000 денари по трансакција. Отсега корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку постпејд сметката до 6.000 денари без да одат во банка.

5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП