25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаумоф на Меѓународен економски форум во Канада

Наумоф на Меѓународен економски форум во Канада

dzerinaumov

Можностите за инвестирање во Македонија, преземените реформи во делот на привлекување странски инвеститори и креирање нови работни места, ги презентира министерот за странски инвестиции Џери Наумоф на Меѓународниот економскиот форум на Северна Америка што се одржува во Монтреал од 8 до 12 јуни 2014 година.

Како што информираат од кабинетот на министерот, претставници од компании присутни на собирот побарале дополнителни средби со цел утврдување термини за посета на Македонија.

Министерот Наумоф во рамки на тридневната посета на Канада имаше билатерални средби со лидери на најголемите бизнис асоцијации во Северна Америка и менаџери на првите 500 рангирани најуспешни мултинационални компании на светско ниво, кои пројавија интерес за инвестирање во Македонија.

На овој економски форум присуствуваат повеќе од 3.000 бизнис лидери, високи политички претставници од целиот свет и економски експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП