3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Кина

Раст на инфлацијата во Кина

China

Потрошувачките цени на кинескиот пазар во мај скокнаа повеќе од тоа што го прогнозираа експертите.

Меѓугодишната стапка на инфлацијата од 2,5 проценти е највисока во последните четири месеци, додека набавните цени се намалени, со што се потврдува тезата за стабилизација на економијата.

Иако цените пораснаа повеќе од очекуваното, стапката на инфлација сепак е во рамките на целта која ја утврди владата во Пекинг, пренесува Ројтерс.

Инфлацијата од 2,5 проценти во мај, особено поттикната од скокот на цените на прехрамбените артикли од 4,1 проценти, следи по растот на потрошувачките цени од 1,8 проценти во април, покажуваат податоците на кинескиот Национален завод за статистика.

За месец мај финансиските експерти прогнозираа меѓугодишна инфлација од 2,4 проценти.

Од друга страна, производствените цени се намалени за 1,4 проценти на годишно ниво, што е 27-ми последователен пад, во однос на минусот од 2 проценти во април. Очекуваниот пад изнесуваше 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП